Сириските бунтовнички групи денеска објавија дека ќе се стремат кон соработка со „пријателските народи“ за постигнување стабилност и безбедност, откако го симнаа од власт претседателот Башар ал Асад и го зазедоа Дамаск.
Тие упаднале во палатата на Асад во Дамаск во областа Малкех, каде што запалиле една сала, пренесе АФП.
Видео снимка од местото прикажува како луѓето слободно шетаат низ луксузните простории, а некои револтирани од владеењето на Асад, уништуваат инвентар и крадат вредни предмети.
„Ослободена Сирија има за цел да ги продлабочи врските со сите братски и пријателски народи врз основа на меѓусебна почит и интереси. Ќе се залагаме за конструктивна улога во регионот и светот за да се постигне безбедност и стабилност“, се наведува во соопштението.
Лидерот на главната сириска опозициска група во странство, Хади ал Бахра, изјави за „Ал Џазира“ дека ќе се состане со арапски и европски земји, како и со претставници на ОН, за да се договори следната фаза за Сирија.
🇸🇾 Syrians loot Assad’s palace!
They grab all they can. pic.twitter.com/22KEoEwE7t
— Lord Bebo (@MyLordBebo) December 8, 2024
![]()

