Одлуката да му се даде политички азил на Асад ја донесе Путин, потврди Кремљ

Одлуката за давање политички азил на соборениот сириски претседател Башар ал Асад и неговото семејство ја донесе претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата“, рече Песков.

Руските медиуми синоќа објавија дека Асад пристигнал во Москва и добил азил во Русија.

Инаку, Советот за безбедност на Обединетите нации попладне по локално време зад затворени врати ќе одржи итен состанок за ситуацијата во Сирија, по паѓањето на режимот на претседателот Башар ал Асад, пишува францускиот весник „Фигаро“.

Русија вчера повика да се одржат итни консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации за Сирија, изјави извор од ОН за руските медиуми

Loading