И ФРАНЦИЈА ГНЕВНА НА ТИКТОК кога влегла во собата ја нашла мртва својата 15 годишна ќерка

Стефани Мистре од Франција, секој ден е во собата на нејзината ќерка, ги гледа нејзините слики и се сеќава на нејзиното детство.

Мајката ја нашла својата 15-годишна ќерка Мари почината во детската соба. Разгледувајќи го нејзиниот мобиле телефон по нејзината смрт, Мистре открила дека нејзината ќерка гледала видеа на социјалната мрежа ТикТок кои промовирале самоубиство, а алгоритмот постојано и ја пласирал таквата содржина.

Сега таа и шест други семејства го тужат Тик-ток, обвинувајќи ја платформата за неуспех и за тоа што ги изложува децата на работи опасни по живот.

Пред да изврши самоубиство, Мари направила неколку видеа за да ја објасни својата одлука, наведувајќи различни тешкотии во нејзиниот живот и цитираше песна од емо рап групата Suicideboys од Луизијана, кои се популарни на TikTok.

Нејзината мајка тврди дека таа постојано била малтретирана и во училиште и на интернет. Поднела тужба против 5 соучесници на Мари и нејзиното претходно училиште, сепак смета дека за нејзината состојба е виновен Тик-ток.

И во Македонија ситуацијата е драматична. Поради снимање на тик ток видеа животот го загуби 14 годишно девојче од Илинден, а 17 годишна тинејџерка од Маџари заврши со трајни изгореници по телото, настрана што многу средношколци беа повредени играјќи го предизвикот Супермен.

Loading