Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази уверување дека судирот меѓу хеликоптерот на американската армија и патничкиот авион на компанијата „Американ ерлајнс“ можел и требало да се спречи.
Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон кога авион се судри со воен хеликоптер, објави „Ен-би-си њуз“ повикувајќи се на локални телевизиски станици.
„Авионот бил на совршена и рутинска линија за пристап до аеродромот. Хеликоптерот долго време се движел право кон авионот. Беше јасна ноќ, светлата во авионот беа запалени, зошто хеликоптерот не се качи нагоре или надолу или не се сврти, зошто контролната кула не им кажа на тие во хеликоптерот што да прават, наместо да ги праша дали го виделе авионот? Ова е лоша ситуација што требаше да се спречи“, напиша претседателот на САД на социјалната мрежа „Truth Social“.
Руските државни медиуми објавија дека во несреќата загинале и Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, поранешни светски шампиони, а сега тренери. Се верува дека во авионот бил и нивниот син Максим, исто така лизгач.
Шишкова и Наумов, кои биле во брак, освоија златен медал во двојки на Светското првенство во 1994 и живееја во САД, каде што работеле со млади лизгачи.
Агенцијата ТАСС објави дека во авионот била и Ина Вољанскаја, уште една бивша лизгачка која се натпреварувала за Советски Сојуз.
🚨Un hélicoptère militaire ou policier est entré en collision avec un avion régional venant du Kansas à l’aéroport DCA à Washington, D.C 🇺🇸
Nombre de victimes inconnu pic.twitter.com/TxeZGGFd4M— 🇫🇷laffont mickael(#SansLui)🇫🇷 (@MickaelLaffont) January 30, 2025
![]()

