Што навистина стои зад одложувањето на испораката за Украина? Пресвртна одлука на Белгија

Белгискиот премиер Барт Де Вевер објави дека испораката на борбени авиони F-16 за Украина е одложена до 2026 година.

Што стои зад оваа одлука?

Според официјалните информации, до доцнењето доаѓа бидејќи Белгија чека да ги добие новите борбени авиони F-35, кои треба да ја заменат постојната флота на F-16.

Сепак, премиерот не даде дополнителни детали за одлуката.

Авионите F-16 беа планирани за борбена употреба во Украина, но со новиот распоред на испорака тие нема да бидат оперативни до 2026 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со белгискиот премиер пред денешниот самит на ЕУ.

„Им се заблагодарив на владата и на сите Белгијци за нивната помош, особено за одлуката за трансфер на борбени авиони F-16. Овие моќни чекори за заштита на украинските животи се навистина вредни за нас“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека овие системи веќе ја докажале својата ефикасност на првите борбени линии и дека мора заеднички да работат на зајакнување на предностите на бојното поле.

Loading