„Со Русија ни оди многу добро. Искрено, многу потешко ми е да се справувам со Украина“, изјави Трамп во Овалната соба во петокот.
Рускиот претседател Владимир Путин сигнализираше подготвеност да разгледа моментален прекин на огнот во Украина, но само под строги и потенцијално контроверзни услови.
Додека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да посредува во мировен договор, Кремљ ја користи можноста да ги протурка своите стратешки цели, пренесува Дејли меил.
Меѓународната заедница е потресена од Трамповиот пресврт кон Москва, што претставува драматична промена во досегашната американска политика. Во меѓувреме, Трамп го засилува притисокот врз Украина да се согласи на преговори.
„Со Русија ни оди многу добро. Искрено, многу потешко ми е да се справувам со Украина“, изјави Трамп во Овалната соба во петокот.
Извори од Кремљ наведуваат дека Русија е отворена за моментален привремен прекин на непријателствата, но само доколку се исполнат одредени предуслови.
Според извори запознаени со високите претставници во преговорите, условите на Путин вклучуваат конкретна рамка за конечен мировен договор и внимателно одбран список на земји кои би учествувале во потенцијална мировна мисија.
Сепак, ваквите барања предизвикуваат загриженост во Украина и кај нејзините западни сојузници, кои стравуваат дека секој ваков договор би можел да ѝ оди во прилог на Москва.
![]()

