„Еве, како би сакале светот да изгледа за неколку дена: ниту една страна да не пука една кон друга, да нема ракети, ниту проектили, ниту куршуми, ништо, ниту артилерија. Пукањето престанува, борбите престануваат и разговорите почнуваат“, рече тој
Прекинот на огнот меѓу Русија и Украина може да се случи за неколку дена доколку руските лидери се согласат на тоа, изјави американскиот државен секретар, Марко Рубио, а пренесува „Њујорк тајмс“.
Посочи дека на состанокот во Канада, кој треба да се одржи оваа недела има намера да ги натера дипломатите од Групата 7 да се фокусираат на завршување на војната.
Ја минимизираше секоја идеја дека ќе наиде на непријателство од американските сојузници поради неодамнешните царини наметнати кон Канада од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Очекува да има срдечни разговори со канадските власти и покрај заканата на Трамп да ја анектира Канада и да ја направи 51-та држава.
Рубио и Мајкл Валц, советникот за национална безбедност на Белата куќа, пред два дена се состана со украинските официјални претставници во Џеда, Саудиска Арабија, со цел да најдат решение за преговарачкиот процес со Русија за да се стави крај на војната.
По состанокот соопшти дека Украина е подготвена да ја прифати американската иницијатива за итен, привремен 30-дневен прекин на огнот.
Овој предлог за прекин на огнот ќе може да се продолжи со заемна согласност на двете страни, но неговата примена зависи од прифаќањето и спроведувањето од страна на Русија.
![]()

