„Топката е на страна на Русија“ – британскиот премиер го повика Путин да докаже дека е сериозен

Рускиот претседател Владимир Путин мора да докаже дека е сериозен во однос на мирот во Украина. Ова го изјави британскиот премиер Кир Стармер, пренесува Гардијан (The Guardian).

„Се согласивме дека сега топката е на страната на Русија и дека претседателот Путин треба да докаже дека е сериозен за мирот, потпишувајќи договор за прекин на огнот под еднакви услови“, изјави Стармер.

Тој ја оцени реакцијата на Путин на предлогот за прекин на војната како „недоволно добра“ и додаде дека западните сојузници на Киев се согласиле дека, доколку Москва одбие „итен и безусловен прекин на огнот“, ќе мораат да ги засилат напорите за зајакнување на Украина.

Претходно, Стармер изјави дека западните земји веќе ги разгледуваат оперативните детали за евентуално испраќање мировен контингент во Украина, а за ова прашање е закажан состанок на 20 март во Лондон.

Loading