(Видео) Се бројат жртвите од земјотресот во Мјанмар, уништен и историскиот мост на реката Иравади

Додека телата се извлекуваат од урнатините на облакодер во Тајланд, во Мјанмар официјален претставник изјави дека има „многу жртви“ во голема болница во главниот град Најпидау после катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата рано утрово.

Објавите на социјалните мрежи покажуваат урнати згради во градот Мандалеј, кој е на околу 17 километри од епицентарот на земјотресот со јачина од 7,7 степени.

Драматично е и видеото од уривањето на „историскиот мост Ава или Сагаинг“.

Мостот е изграден пред 91 година, за време на британскиот колонијален период, преку реката Иравади помеѓу регионите Мандалеј и Сагаинг. Мандалеј е вториот по големина град во Мјанмар и видеата што се објавуваат покажуваат целосен колапс после земјотресот од 7,7 степени.

Loading