Човекот кој го нарекуваше папата Франциск „сатана“ го доби „најдобро место“ на неговиот погреб кој започна утрово во 10 часот во Ватикан.
Делегациите што ќе присуствуваат на погребот на папата Франциск ќе бидат сместени десно од олтарот, на врвот од скалите што водат кон базиликата Свети Петар.
„Најдобрите места“ ќе бидат резервирани за претседателот на Аргентина, Хавиер Милеј, како и за претседателот и премиерката на Италија.
Предност во однос на останатите шефови на држави ќе имаат и членови на одделни кралски семејства.
Интересно е што токму Хавиер Милеј, кој денес ќе седи на најпочесното место, во минатото повеќепати јавно го критикуваше папата Франциск.
Пред да ја преземе функцијата претседател, Милеј жестоко го напаѓаше папата поради неговите ставови за економската политика, а во 2022 година дури го обвини дека „секогаш е на страната на злото“.
За време на претседателската кампања во 2023 година, Милеј отиде уште подалеку, нарекувајќи го папата Франциск „имбецил“ кој ја брани социјалната правда, споредувајќи го со злото и сатаната.
Иако некогаш го нарекуваше папата „сатана“, по изборот за претседател Милеј ги ублажи своите ставови, а при нивната средба, папата и Милеј срдачно се прегрнаа.
По смртта на папата Франциск, Милеј објави: „И покрај разликите кои денес изгледаат мали, можноста да го запознаам преку неговата добрина и мудрост за мене беше вистинска чест. Се простувам од Светиот Отец и сочувствувам со сите нас кои денес се справуваме со оваа тажна вест.“
Од Ватикан претходно соопштија дека, според сопствената желба, папата Франциск ќе биде погребан „како пастир, а не како суверен“. Тој ќе почива во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.
![]()

