Во саботата, силно невреме зафати бројни региони во Франција, а на удар се најде и Париз, погоден од жестока бура и град!
По неколку жешки денови, во саботата во Франција пристигна „добро заладување“, проследено со обилни врнежи од дожд, силен град и ветер.
Град со големина на орев паѓаше врз француската престолнина повеќе од 15 минути, нанесувајќи огромна материјална штета, пред сè на возилата, од кои некои изгледаат како да биле удирани со чекан.
Sébastopol inondé #grêle #Paris pic.twitter.com/77WfahH8xM
— Sylvia Amicone (@SylviaAmicone) May 3, 2025
На социјалните мрежи кружат снимки од невидено невреме, на кои изгледа како да паднал снег во Париз во мај. Во некои делови од градот паѓал град со големина на топчиња за голф.
Силното невреме доведе до колапс во сообраќајот и предизвика паника меѓу граѓаните, кои трчаа по улиците обидувајќи се да најдат засолниште и да ги заштитат главите од немилосрдниот град.
Обилниот дожд предизвика поплави на улиците, поради што движењето на возилата беше сериозно отежнато, а имаше пријави дека водата навлегувала и во подруми.
Како што често се случува за време на силни врнежи во француската престолнина, метро-станиците беа поплавени, а сообраќајот привремено беше нарушен на неколку линии.
![]()

