Вучиќ се „закачи“ со новинарите: „Научи се на пристојност, сине!“ (видео)

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, денес, на 8 јуни, им се обрати на медиумите во Палата Србија, каде што се одржа свечена академија по повод одбележувањето на Денот на Министерството за внатрешни работи и Денот на полицијата.

Во еден момент, српскиот претседател се „закачи“ со новинари. Имено, Вучиќ зборуваше за нападот врз Милош Павловиќ, неформален водач на „студентите што сакаат да учат“, а потоа тој напад го спореди со настанот кога на една студентка ѝ беше скршена вилицата пред просториите на Српската напредна партија (СНС) во Нови Сад.

„Објаснете ми зошто тие момци во Нови Сад поминаа четири и пол месеци во притвор, а зошто овие што организирано, смислено… бидејќи имате кривични дела од небрежност…“, зборуваше Вучиќ и нагло застана, па се обрати кон новинарите:

„Пак ви е нешто смешно. Вам од Н1 и Нова С. Мене не ми е. Научи се на пристојност, сине. Елементарна. Не би било на одмет“, порача Вучиќ.

Loading