Монструмот од Грац оставил и проштално видео и порака – еве како се чувствувал

Артур А. (21), кој е осомничен дека го извршил масакрот во училиштето BORG во Грац, при што усмртил десет лица, а потоа си го одзел животот, не оставил само проштално писмо – туку и проштално видео!

Во прошталната порака пронајдена во куќата на убиецот во областа Грац-Умгебунг, Артур А. напишал дека се чувствувал малтретиран.

Артур утрово, нешто пред 10 часот, упаднал вооружен во училиштето и започнал крвав напад, пукајќи кон ученици и наставници. Десет лица се убиени, а уште единаесет се тешко повредени – лекарите се борат за нивните животи.

Вознемирувачки снимки направени од ученици прикажуваат деца како вриштат, се слушаат истрели, а паника владее и меѓу граѓаните… Тие снимки само делумно го прикажуваат ужасот низ кој поминале учениците и персоналот на училиштето BORG денес (вторник).

Вооружен со пиштол и сачмарка, Артур го извршил најсмртоносниот училишен масакр во историјата на австриското правосудство. Меѓу десеттемина загинати има осум ученици и двајца наставници.

„Уште една жртва е и самиот напаѓач“, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, на прес-конференција. Артур А. се самоубил во тоалетот на училиштето по нападот.

Што досега се знае за масакрот во Грац

Полицијата соопшти дека дванаесет лица биле ранети во пукањето во вторник претпладне, а некои се со тешки повреди. Меѓу седумтемина тешко повредени (пет млади и двајца возрасни), кои се згрижени на Универзитетската болница во Грац, две лица биле во критична состојба. Една жена починала попладнето во болница.

Според информациите од полицијата и Министерството за внатрешни работи, Артур А. делувал сам. Околу 10 часот биле примени првите итни повици за „пукање и врисоци“ во училиштето. Неколку минути подоцна пристигнале првите полициски патроли, а наскоро и специјалната единица Кобра. Вкупно биле ангажирани околу 300 полициски службеници, како и десетици амбулантни возила и лекари.

Началникот на покраинската полиција, Гералд Ортнер, изјави дека ситуацијата брзо била ставена под контрола – по 17 минути просторот бил обезбеден, а евакуацијата завршена.

Loading