Земјотреси со јачина од 4,6 и 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија централна Турција и Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот во Турција е регистриран утрово во 4:09 часот, на длабочина од седум километри, во близина на Саимбејли, во областа Адана.
Засега нема информации за евентуална штета или жртви.
Земјотресот во Албанија пак, се случил утрово во 3:04 часот, на длабочина од пет километри, во близина на Тирана.
По главните потреси, регионот беше погоден од неколку последователни земјотреси, од кои најсилните беа со јачина од 3 и 3,4 степени.
![]()

