Објавена листата на 30 најомразени држави во светот: Првите три не изненадуваат, но неколку меѓу нив се вистинско изненадување

Иако би било тешко да се состави листа на најомразени држави во светот базирана исклучиво на податоци, порталот World Population Review (WPR), комбинирајќи извештаи и анкети за јавното мислење од целиот свет, укажува на одредени трендови и како три најомразени земји ги истакнува: Кина, САД и Русија.

Овие три најголеми земји воедно се и најголеми светски суперсили, што значително придонесува за нивната непопуларност. Покрај тоа, граѓаните на секоја од овие држави често имаат негативно мислење за другите две, а сите три се познати по мешањето во економските, политичките и воените прашања на помалите држави, што предизвикува дополнителна одбивност, се наведува во извештајот на WPR.

На листата се најдоа и други големи држави, вклучувајќи и европски, но интересно – без Франција.

Меѓу нив се најде и инаку популарната Италија, како и Романија. Изненадува присуството на Ватикан (Светата Столица), што најверојатно се должи на верска нетолеранција.

Македонија не се појавува на листата, па може да се заклучи дека или е омилена, или е премала за да предизвика антипатии кај светската популација.

Ова е листата на најомразени држави во светот според World Population Review:

1.Кина

2.САД

3.Русија

4. Северна Кореја

5. Израел

6. Пакистан

7. Иран

8.Ирак

9. Сирија

10. Индија

11. Обединетото Кралство

12. Јапонија

13. Саудиска Арабија

14. Германија

15. Нигерија

16. Турција

17. Јужна Кореја

18. Авганистан

19. Филипини

20. Италија

21. Сомалија

22. Катар

23. Аргентина

24. Австралија

25. Алжир

26. Романија

27. Мексико

28. Индонезија

29. Ватикан

Loading