Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски се сретнаа на маргините на самитот на НАТО во Хаг.
Украинскиот јавен радиодифузен сервис „Суспилне“ извести дека средбата траела околу 50 минути.
Засега не е познато за што точно разговарале Трамп и Зеленски, но се очекуваат повеќе детали по конференцијата за медиуми на Трамп, која треба наскоро да започне, пренесува „Гардијан“.
Извор од украинското претседателство за AFP изјавил дека Зеленски бил „задоволен“ од средбата. Според него, разговорот бил „долг и суштински“.
„Разговаравме за сите навистина важни прашања. Му благодарам на господинот претседател, им благодарам на САД. Разговаравме за тоа како да се постигне прекин на огнот и да се обезбеди траен мир. Стануваше збор и за тоа како да го заштитиме нашиот народ. Го цениме вниманието и подготвеноста за воспоставување мир. Деталите ќе следат“, напиша украинскиот претседател на социјалните мрежи.
![]()

