Директорот на Патишта на Србија трча по новиот автопат за да го тестира: Ајде да видиме ваков фраер на јавна функција и кај нас (Видео)

Извршниот директор на „Патишта Србије“, Дарко Савиќ (50), познат и како ајронмен-триатлонец, на необичен начин ја провери новоизградената делница од автопатот Чачак–Пожега. Имено, тој истрча повеќе од 12 километри по неа, на жешко сонце и угорнина од 255 метри.

Овој дел од автопатот, долг 19,5 км, е дел од стратешкиот правец Белград -Црна Гора, и се очекува да биде целосно завршен до 28 јуни (Видовден).

Овој проект е меѓу најзначајните инфраструктурни зафати во последната деценија, а веќе пуштената делница од Прељина до Паковраќе (11,5 км) веќе ги намали гужвите околу Чачак, особено во летната сезона.

Во продолжение, погледнете го видеото како трча директорот. Можеби ќе послужи за инспирација и меѓу функционерите во Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Savic (@darkossa)

Loading