Израел ќе преговара во Катар за примирје во Газа: Хамас постави неприфатливи барања

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека тимот на Израел ќе отпатува во Катар в недела за да учествува во индиректни преговори со цел постигнување договор за примирје и ослободување на заложниците во Газа.

Нетанјаху ги оцени последните барања на палестинскиот Хамас како „неприфатливи“, но по преглед на ситуацијата, дал упатства да се одговори на поканата за индиректни разговори и да продолжат напорите за враќање на заложниците врз основа на предлогот од Катар, кој Израел го прифатил.

Во соопштението се наведува дека преговорите ќе започнат в недела во Катар.

Loading