Германското Министерство за внатрешни работи потврди дека ќе започне со укинување на статусот на азил за сириски државјани кои се обвинети за сериозни криминални дела и се сметани за опасни.
Ова следува по сличната одлука на Австрија. Од почетокот на годината, во Германија се покренати повеќе од 3.500 постапки за укинување на дозволите за престој на сириски државјани.
До сега, статусот на бегалец е укинат во 57 случаи, а 800 сириски државјани се вратени во татковината преку програмата финансирана од Германија.
Германија има околу еден милион сириски бегалци, кои најмногу пристигнале за време на големиот бран бегалци од војната во 2015 и 2016 година. Во декември 2024 година, повеќе европски земји, вклучително и Германија, ја ограничиле пријавата за азил, делумно поради растот на крајно десничарските движења. Во последните месеци се зголемени безбедносните проблеми поради напади со ладно оружје и екстремистичко насилство.
![]()

