Европската комисија објави стратегија за создавање стратешки резерви на лекови, генератори, храна, опрема и суровини со цел Унијата подобро да се справи со идни кризи како воена инвазија, пандемија или природна катастрофа.
Новите планови предвидуваат и создавање на залихи од дронови, мобилни мостови, системи за прочистување вода и материјали за поправка на подводни кабли. Истовремено, се разработува список на најкритични медицински технологии и лекови, кои до 2026 година ќе бидат предмет на заедничка набавка.
Оваа стратегија доаѓа по лекциите од пандемијата на Ковид-19, кога некои земји-членки на ЕУ резервираа опрема само за себе. ЕУ исто така планира развој на „радар“ систем преку анализа на отпадни води за рано откривање на зарази, како и зајакнување на капацитетите за гасење пожари и медицински евакуации.
„Се соочуваме со хибридни напади, екстремни временски услови и ширење болести – овие закани се реалност. Подготвеноста мора да биде на првата линија на одбрана“, велат од ЕК.
![]()

