Ова е најевтината дестинација за летување на Јадранот: Ноќевање од 10 евра, јадење од 5 евра

Каде е најевтино летување на Јадранот? Ако мислите дека тоа е Црна Гора, грешите. Според странските портали специјализирани за патувања станува збор за една друга, прекрасна дестинација.

Станува збор за единствениот приморски град во Босна и Херцеговина – Неум, кој и ова лето привлекува туристи поради многу пристапните цени, убавите плажи, а нуди и голем избор на водени спортови.

Градот располага со неколку плажи, меѓу кои најпознати се Неум, Мимоза, Јазина, Зенит и Ферал Бич, кој во последните години доживува зголемена популарност.

Сместувачките капацитети се речиси целосно пополнети. Неум привлекува посетители од целиот свет, во мај тука беа забележани туристи од Франција, земјите од Бенелукс, Јужна Кореја, Полска и Словенија.

Според странските медиуми, Неум останува најприфатливата дестинација за одмор на Јадранот. По пандемијата на коронавирусот, градот бележи значаен туристички раст.

Цените за ноќевање во апартмани почнуваат од 10 евра, додека појадокот во локалните барови чини околу 5 евра.

Неум е вистинска можност за сите што бараат пристапно и квалитетно летување на Јадранската обала.

Loading