Трамп: Ќе испратиме ракети „Патриот“ во Киев, но ќе ги плати Европската унија

„Сè уште не сум се договорил за бројот (на Патриот-ракети), но (Украинците) ќе добијат неколку затоа што имаат потреба од заштита, а Европската унија ќе плати – ние нема да платиме ништо, но ќе ги испратиме.“ Ова го изјави Доналд Трамп во разговор со новинари.

„Ќе им испратиме ракети ‘Патриот’, кои им се очајно потребни“, рече Трамп, без да наведе точна бројка. Американскиот претседател потоа потврди дека утре ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

„Но, во суштина, ќе им испратиме (на Украинците) различна високоразвиена воена опрема, и тие (Европската унија) ќе ни платат 100%.“

Во разговор со новинарите, американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја изрази својата разочараност од рускиот претседател Владимир Путин. Трамп објасни дека лидерот од Москва „говори убаво, а потоа навечер бомбардира сè“

„Не ми се допаѓа тоа“, рече Трамп, јавува „Д Хил“.

Loading