Експлозија во Русија, има загинати: Луѓе заробени под урнатините, страшни снимки од местото на несреќата (Видео)

Во рускиот град Саратов, многукатна станбена зграда ненадејно експлодирала, предизвикувајќи големи материјални штети и загуба на човечки животи. Епицентарот на експлозијата бил во стан на деветиот кат, каде најверојатно дошло до пукање на гасна цевка.

Дел од зградата се урнал веднаш, оштетувајќи или уништувајќи повеќе од 30 стана. Поради ризик од понатамошно урнување, зоната е целосно блокирана, а станарите евакуирани.

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а спасувачките екипи интензивно пребаруваат за евентуални преживеани под урнатините.

Почетните истраги укажуваат дека причината е најверојатно истекување на гас, но властите продолжуваат со детални проверки за да се спречат слични трагедии во иднина.

 

Loading