Разоткриено дури сега: Маск го исклучил Старлинк над Херсон во клучен момент од војната во Украина

Нов извештај на агенцијата Ројтерс открива дека Илон Маск во 2022 година свесно го исклучил сателитскиот интернет Сталинк (Starlink) над делови од јужна Украина, токму за време на важна украинска воена контраофанзива во регионот Херсон.

Според изворите, оваа одлука довела до прекин на комуникацијата меѓу украинските единици и нивните дронови, што сериозно го нарушило координирањето на акцијата.

Украинските сили биле на прагот на стратешки пробив, но морале да го запрат напредувањето и да ги променат плановите.

Одлуката на Маск, како што се наведува, била мотивирана од стравување дека напад врз Крим би можел да предизвика нуклеарна ескалација, што тој лично сакал да го спречи.

Starlink, сателитската мрежа на неговата компанија SpaceX, стана клучен дел од украинската воена инфраструктура од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Случајот покрена меѓународни дилеми околу влијанието на приватните технолошки компании врз глобалните конфликти, особено кога нивната технологија е од витално значење за националната безбедност.

Loading