По четиридневни гранични судири меѓу Тајланд и Камбоџа, двете земји се согласија да одржат итни мировни преговори во Малезија, објави Би-би-си.
Средбата ќе се одржи во понеделник, а ќе учествуваат тајландскиот премиер во заминување, Пхумтам Вечајачај, и камбоџанскиот премиер Хум Манет.
Закажаните преговори доаѓаат по апелот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги повика двете страни на „итен прекин на огнот и брз пат кон мир“.
Иако двете земји се заблагодарија за посредништвото, бомбардирањата продолжија, а досега загинале најмалку 33 луѓе – војници и цивили. Илјадници се принудени да ги напуштат своите домови по ескалацијата на насилството што започна на 24 јули.
Историската напнатост меѓу Тајланд и Камбоџа трае повеќе од еден век, откако беа исцртани границите по францускиот колонијален период.
Судирите повторно го активираа долготрајниот територијален спор, а светската јавност со нетрпение го очекува исходот од претстојните преговори во Куала Лумпур.
![]()

