Голем шумски пожар избувна во местото Тарифа, во шпанската покраина Кадиз (Андалузија), и сè уште не е ставен под контрола. Властите досега евакуираа повеќе од 5.000 возила, како и голем број туристи и локални жители.
Во гаснењето на пожарот се вклучени 11 пожарникарски единици, шест противпожарни возила, четворица техничари, двајца еколошки инспектори и уште шест дополнителни цистерни за вода, јави Радио-телевизија Шпанија.
Fire 🔥 in La Peña, South Spain again, with strong levante winds. Looks like a Caravan exploded in a camping and then the fire extended quickly.@Plan_INFOCA #IFTarifa@E112Andalucia pic.twitter.com/Ro9u59f41u
— Bjorn Dunkel (@bjorndunkel) August 5, 2025
Антонио Санц, министер во регионалната влада на Андалузија, од кризниот штаб изјави дека за привремено сместување на евакуираните се отворени спортската сала Ла Марина и младинскиот центар Интерховен, кои располагаат со легла за оние кои останаа без сместување.
Сообраќајот на делницата од автопатот N-340, кој вчера попладне беше целосно затворен меѓу 71. и 80. километар во двата правци, денеска е делумно обновен. Сепак, пристапот до споредните патишта, како и до куќите, хотелите и камповите што се во зоната на евакуација, останува строго забранет.
„Поради сложеноста на ситуацијата моравме да го отвориме патот за проток на сообраќај, но не можеме да дозволиме враќање во објектите што се наоѓаат во критичната зона“, изјави Санц.
![]()

