Британската полиција уапси 474 лица на протест против забраната на „Акција за Палестина“

Британската полиција уапси 474 лица за време на демонстрација на плоштадот пред парламентот во Вестминстер, организирана од „Defend Our Juries“, во поддршка на забранетата група Palestine Action.

Групата беше забранета во јули според Законот за тероризам од 2000 година, а членството или поддршката се казнуваат со до 14 години затвор.

Полицијата соопшти дека ова е најголемиот број апсења за еден ден во последната деценија, без потешки повреди на службениците. Amnesty International ги опиша апсењата како „длабоко загрижувачки“.

Дел од уапсените беа ослободени со услов да не учествуваат во идни протести за Палестина, додека оние што одбија да дадат лични податоци останаа во притвор.

Протестот се одржа само неколку дена по поднесувањето на првите обвиненија против лица за поддршка на групата во Англија и Велс.

Loading