Македонската јавност се збогува со оперската примадона Милка Ефтимова, една од најголемите уметници на домашната оперска сцена, која почина на 89-годишна возраст во Скопје.
Родена во Радовиш во 1936 година, Ефтимова дебитираше во 1961 година со улогата Ацучена во „Трубадур“ од Верди. Во текот на својата долга кариера настапи во над 40 оперски улоги и илјадници концерти и рецитали во повеќе од 20 земји.
Последниот настап пред публиката беше во улогата на Кармен во 1991 година.
Паралелно, како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, таа ги инспирираше и образуваше новите генерации вокални уметници. Нејзината кариера е наградена со „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“, „Мајка Тереза“ и Орден за заслуги на Република Македонија.
Погребот ќе се одржи на 16 август во нејзиниот роден град Радовиш.
Со заминувањето на Милка Ефтимова, македонската опера губи голем човек и уметник, но нејзиниот легендарен глас и културното наследство ќе живеат уште долго.
![]()

