Путин се упати кон Алјаска под невидени безбедносни мерки – опкружен со оклопни возила, полиција и возила за итна помош (Видео)

Рускиот претседател Владимир Путин се упати кон САД за историскиот самит со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ќе се одржи во Алјаска. Неговото патување се одвива под екстремни безбедносни мерки и во придружба на импресивна колона оклопни возила, што предизвика големо медиумско внимание.

Видео-снимки од меѓународни извори го прикажуваат Путин во црна оклопна лимузина, опкружен со десетици возила, меѓу кои полициски автомобили и возила за итна помош – дел од стандардниот протокол за највисока безбедност. Се разбира, сите улици каде што поминуваат се затворени.

Очекувањата се големи бидејќи овој состанок се смета за еден од најчувствителните во последните години, особено во контекст на трите години воен конфликт со Украина. Иако американските власти не откриваат детали од агендата, се предвидува разговорите да се фокусираат на Украина и глобалната економија.

Loading