Трамп и Путин ќе се сретнат во приватен авион пред тајниот лет кон Алјаска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вечерва во 21 часот ќе го пречека својот руски колега Владимир Путин во својот авион, пред двајцата заедно да полетаат кон најголемата воена база во Алјаска, Елмендорф-Ричардсон, каде ќе започне официјалниот дел од нивниот состанок.

Ова е прва средба меѓу двајцата лидери во вториот мандат на Трамп, а последен пат се видоа во 2021 година. Средбата е организирана на барање на Русија, со цел да се разговара за војната во Украина, која започна во февруари 2022 година и сè уште трае.

На маса ќе бидат и други прашања од големо значење за односите меѓу Москва и Вашингтон, а клучниот фокус ќе биде можноста за нормализација на односите меѓу двете земји. Москва се надева дека ќе избегне нови санкции и дека ќе обезбеди потврда на контролата врз одредени делови од Украина, како и потенцијален пристап до американскиот и светскиот пазар.

Од своја страна, Трамп сака да излезе од средбата со план за прекин на огнот во Украина. Иако во изборната кампања вети дека ќе ја запре војната „во рок од 24 часа“, тоа не се оствари. Оваа средба претставува најсериозниот обид досега за ставање крај на конфликтот.

Loading