Историски состанок на повидок: Еве за кога се планира средба меѓу Зеленски и Путин и каде ќе се одржи

Според висок претставник на ЕУ, можно е да се одржи директна средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин уште овој месец, поточно како што наведуваат странските медиуми „до крајот на месец август“.

Како потенцијални локации се разгледуваат Женева, Виена, Рим, Будимпешта и Доха, при што Женева важи за најреален избор.

Европските сојузници инсистираат прво да се дефинираат безбедносни гаранции за Украина, слични на НАТО-договор, со што би се гарантирала нејзината одбрана во случај на нов напад од Русија. Дипломати од Брисел оценуваат дека ова е најголемата шанса досега за запирање на војната меѓу Русија и Украина.

Loading