Човекот кој може да го симне Зеленски од власт ако има избори (Фото)

Сè повеќе сигнали упатуваат на тоа дека во Украина се подготвува политички проект кој би можел директно да се спротивстави на актуелниот претседател Володимир Зеленски, пишува Билд.

Можен предизвикувач е поранешниот врховен командант на украинската армија, Валериј Залужни, чија кандидатура би имала особена тежина поради напнатите односи и стратешките несогласувања со Зеленски. Тие разлики резултираа со неговата смена во февруари 2024 година.

Иако избори сега не се можни поради воената состојба, самиот Зеленски не ја исклучи можноста за предвремени избори во контекст на мировните иницијативи што ги води Доналд Трамп.

Според Вол стрит џурнал, доколку Залужни навистина се кандидира, на Зеленски ќе му се спротивстави воен стратег со голема популарност во јавноста и поддршка од искусен тим на медиумски и меѓународни советници.

Иако засега сè останува на шпекулации, анкетите веќе го прикажуваат Залужни како сериозен ривал кој би можел значајно да ја загрози позицијата на Зеленски.

Loading