Американскиот претседател Доналд Трамп ја исклучи можноста за испраќање американски војници во Украина, но нагласи дека безбедносните гаранции за Киев би можеле да вклучат воздушни патроли од страна на американски и европски борбени авиони.
„Нема да има чизми на теренот, ниту нешто слично“, изјави Трамп, додавајќи дека без одреден вид гаранции кризата нема да може да се реши.
Тој појасни дека САД се подготвени да обезбедат воздушна поддршка, но дека се очекува значаен дел од оваа улога да ја преземат европските партнери.
Претседателот Трамп исто така изрази верување дека е можно да се организира тристран состанок меѓу САД, Русија и Украина, иако оцени дека шансите за директен самит меѓу Москва и Киев се многу мали.
![]()

