Најмалку 500 лица загинаа, а повеќе од 1.000 се повредени по разорниот земјотрес со јачина од 6 степени што го погоди Авганистан, јави државната радиотелевизија RTA.
Спасувачките екипи очајнички трагаат по преживеани во планинските области каде што се случи потресот. Болниците се преполни со стотици повредени, а властите предупредуваат дека бројот на жртви и повредени најверојатно ќе расте.
Afganistan’ın Kunar eyaletinde 6.0 büyüklüğünde deprem meydana geldi.
İlk belirlemelere göre en az 500 kişi hayatını kaybetti. pic.twitter.com/bhKxC7l91F
— gdh (@gundemedairhs) September 1, 2025
Само дваесетина минути по првиот потрес, истата провинција ја потресоа нови удари, следувал земјотрес од 4,5 степени на длабочина од 10 километри, а потоа и потрес од 5,2 степени.
Авганистан често е цел на смртоносни земјотреси, особено во планинскиот венец Хиндукуш, каде се судираат индиската и евроазиската тектонска плоча. Минатата година серија потреси на западот на земјата одзедоа повеќе од илјада животи, откривајќи ја ранливоста на една од најсиромашните земји во светот на природни катастрофи.
Катастрофалниот земјотрес од 2023 година, со јачина од 6,3 степени, беше прогласен за најсмртоносната природна катастрофа во поновата историја на Авганистан, при што загинаа илјадници луѓе.
![]()

