Сопственичка на кафе-бар во околината на Загреб е казнета затоа што гостите на затворената тераса пушеле цигари и ги гаселе отпушоците во пепелници.
Инспекторите во февруари ненадејно влегле во локалот наутро околу 10 часот и затекнале гости како пушат во простор целосно затворен со стаклени панели.
– Во угостителскиот објект било дозволено консумирање на тутунски производи во простор кој е целосно затворен, каде што гостите седеле и ги гаселе отпушоците во пепелници – стои во пресудата.
Првично, инспекторите предложиле драконски казни – 14.600 евра (30.200 куни) за кафе-барот и 1.300 евра (2.700 куни) за сопственичката. Меѓутоа, судот бил поблаг и на крај одредил 1.500 евра (околу 3.100 куни) за кафе-барот и 250 евра (околу 500 куни) за сопственичката Ана.
Пресудата сè уште не е правосилна.
Според хрватскиот закон, затворен јавен простор се смета секој простор со покрив и затворен со повеќе од половина од површината, вклучувајќи и тераси оградени со стаклени ѕидови. Во такви простори пушењето не е дозволено.
![]()

