Индискиот премиер Нарендра Моди објави дека заедно со рускиот претседател Владимир Путин патувале до местото на нивниот билатерален состанок во рамки на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Тјенџин.
„Разговорите со него секогаш се проникливи,“ напиша Моди на социјалната мрежа Икс.
After the proceedings at the SCO Summit venue, President Putin and I travelled together to the venue of our bilateral meeting. Conversations with him are always insightful. pic.twitter.com/oYZVGDLxtc
— Narendra Modi (@narendramodi) September 1, 2025
Состанокот доаѓа во време кога односите меѓу Москва и Њу Делхи се под глобален мониторинг. Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикува Индија за купувањето руска нафта, обвинувајќи ја дека индиректно го финансира војувањето во Украина. Дополнително, администрацијата во Вашингтон воведе високи царини од 50 отсто на индиската стока за американскиот пазар.
И покрај санкциите и притисоците, индиските власти тврдат дека набавките од Русија ќе продолжат „додека тоа е економски исплатливо“. Првиот човек на државната нафтена корпорација изјави дека нивните рафинерии ќе го купуваат „секој литар руска сурова нафта“ ако тоа носи корист за Индија.
Аналитичарите очекуваат дека средбата Моди–Путин нема да донесе големи резултати, но предвидуваат јасни сигнали на единство и натамошна соработка.
Пред состанокот, Моди разговараше и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, повторувајќи го својот апел за мир. На маргините на самитот, индискиот премиер оствари и први разговори со кинескиот лидер Си Џинпинг од враќањето на Трамп на власт, при што двајцата најавија дека ќе работат како партнери и најавија обнова на директните летови меѓу Индија и Кина.
![]()

