Кои се симптомите на мистериозната болест што за еден месец усмрти 143 луѓе, има ли опасност да се прошири во светот?

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека испратила свои експерти да им помогнат на здравствените власти во Демократска Република Конго да се истражи сè уште непозната болест која предизвика повеќе смртни случаи во оддалечен дел од земјата.

Според СЗО, симптоми на болеста се главоболка, кашлица, треска, отежнато дишење и анемија.

Во соопштението се наведува дека експертите на СЗО се на пат кон Панзи во југозападната провинција Квангџу во Конго, каде што ќе ги достават потребните лекови и апаратура која ќе помогне во дијагностицирањето на причината за болеста со цел да се обезбеди соодветно лекување.

Се истакнува дека повеќе информации за болеста ќе бидат објавени веднаш штом ќе станат достапни. СЗО соопшти дека досега се пријавени 394 случаи и 30 смртни случаи во Панзи, повикувајќи се на податоци од Министерството за здравство на Конго.

Претходно оваа недела, локалните власти објавија дека од непозната болест во ноември починале 143 лица во тој регион.

 

Loading