(ВИДЕО) Бунтовниците ја отворија гаражата на Асад, има над 40 најскапи лимузини во светот

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од упадот на сириските бунтовници кои го соборија режимот на Башар Ал Асад, а на кои се гледа дека влегле и во неговата гаража преполна со скапи автомобили.

Едно видео, чија автентичност ја потврдил Си-ен-ен, покажува повеќе од 40 луксузни возила во голема гаража.

Во гаражата, која се наоѓала во близина на претседателската палата во Дамаск има црвено „Ферари“ Ф50 вредно над три милиони долари, „Ламборџини“, „Ролс Ројс“ и „Бентли“, од кои најмалку едно возило е со таблички од Дамаск, пренесува Си-Ен-Ен.

 

Loading