(ФОТО) ПОЗНАТ СПОРТИСТ ПРОНАЈДЕН МРТОВ покрај него порака што ќе ви го скрши срцето

Летонскиот кошаркар Јанис Тима (32), кој играше во клубови од Евролигата како Олимпијакос, Басконија и Химки, е пронајден мртов во хотел во Москва. До неговото тело била пронајдена кратка порака со два збора: „Јави се Ана“.

Трагедијата се случи на денот на 42-от роденден на поранешната сопруга на спортистот – пејачката Ана Седокова, со која 32-годишниот играч се разведе нешто повеќе од една недела пред тоа.

Според извештаите на руската телевизија РЕН, мотивот за трагичниот чин бил емотивен слом по разводот со украинската пејачка Ана Седакова. Го пронајдоа со мобилен телефон покрај телото, на чиј екран стои пораката „Јави се Ана“, заедно со нејзиниот број“, вели истиот извор.

Во последните месеци, Тима имаше вознемирувачки објави на социјалните мрежи.

Тој напиша дека „љубовта ја заменил за пари“ и изразил длабоко незадоволство од животот.

Навивачите ширум Европа го паметат како голем спортист.

За репрезентацијата на Летонија за прв пат играше во 2013 година, а минатото лето го облече дресот на својата земја на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз.

Руската државна новинска агенција ТАСС пак пишува дека летонската кошаркарска ѕвезда Јанис Тима се самоубил на 32-годишна возраст во центарот на Москва.

ТАСС соопшти дека телото на Тима било откриено во скалите на станбена зграда во Москва.

До него пронашле и телефон, на чиј екран, според руските медиуми, бил испишан бројот на Седокова, молба да се јави и зборови „благодарам за се“. На овој начин кошаркарот кој беше во депресија како што изгледа вината за тоа што се случи ја префрли на неговата поранешна сопруга. Освен тоа, според извештаите на Телеграм каналот „Мутко Против“, Тима очигледно бил пијан – во неговата соба било пронајдено шише вотка.

32-годишниот напаѓач имаше забележителна кошаркарска кариера, играјќи за клубови како АСК Рига, Зенит Санкт Петербург, Дарушафака, Вентспилс, Басконија и Олимпијакос.

Тима беше избран со 60-ти вкупен пик на НБА драфтот во 2013 година од страна на Мемфис Гризлис. Во 2021 година, тој се приклучи на тимот на Летната лига на Меџик во Лас Вегас.

По веста за неговото трагично заминување, кошаркарските клубови и играчи објавија пораки со сочувство, изразувајќи ја својата тага и потестувајќи на значајниот придонес на Тима во спортот.

Loading