Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска го слави Свети Никола, а овој значаен ден за нејзиното семејство традиционално се слави во вила на Дедиње во кругот на блиските пријатели и семејството.
Меѓу нив бил и политичарот Ивица Дачиќ, кој во раката носел специјален подарок – шише пијалок во амбалажа со етно мотиви, објави Блиц.
Фотографиите од ВИП гостите кај познатата пејачка и видеото може да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Инаку, познато е дека Дачиќ е многу добар пријател со Цеца и тој не пропушта големиот празник Свети Никола да го прослави заедно со својата славна пријателка. Дачиќ е редовен гостин на славата кај Цеца, а овој пат се појави со неговиот син Лука.
![]()

