Генсекот на НАТО предупредува: руската победа против Украина ќе не чини трилиони евра

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека руската победа против Украина ќе ја поткопа моќта на најголемиот воен сојуз во светот и ќе ја чини трилиони евра за враќање на кредибилитетот.

НАТО го засилува своето присуство на своето источно крило кон Русија, Белорусија и Украина, испраќајќи илјадници војници и воена опрема за да ја спречи Москва да ја прошири својата војна на териториите на која било од 32-те членки на Алијансата.

„Доколку Украина загуби, тогаш трошоците за враќање на одвраќањето на остатокот од НАТО ќе бидат многу повисоки отколку што сега размислуваме во однос на зголемување на нашите трошоци и индустриско производство“, рече Руте.

„Тоа нема да биде во милијарди, ќе биде во трилиони“, посочи тој, говорејќи на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Руте истакна дека западните сојузници на Украина треба да ја „зголемат, а не да ја намалат“ поддршката што и ја даваат на земјата, речиси три години по почетокот на целосната руска инвазија.

„Мораме да ја промениме траекторијата на војната“, рече Руте, додавајќи дека Западот „не може да дозволи една земја во 21 век да нападне друга и да се обиде да ја колонизира“.

Loading