„Судирот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски претставува катастрофа за Украина и победа за Русија“, пишува колумнистката на „Скај њуз“, Дебора Хејнс.
– Доколку Трамп, во бес, ја повлече целата воена поддршка за Украина, способноста на Киев да се спротивстави ќе биде сериозно ослабена – објаснува Хејнс.
Таа нагласува дека поддршката од САД е клучна за опстанокот на Украина во конфликтот со Русија, бидејќи Европа нема капацитет да ја пополни таа празнина.
– Единствениот човек кој ќе излезе како победник од ова сценарио е господин Путин – заклучува Хејнс.
Напнат состанок во Вашингтон
Претходно, во Вашингтон се одржа состанок меѓу Доналд Трамп, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и Володимир Зеленски, кој ескалираше во отворен судир.
Американскиот претседател се обиде да му објасни на Зеленски дека Украина нема капацитет да ги продолжи борбите и дека, без американска помош, нејзините сили би издржале само неколку недели во конфликтот.
Сепак, Зеленски му се спротивставувал на Трамп, инсистирајќи на тоа дека Украина самостојно води војна против Русија.
Според написот на „Фокс њуз“, ситуацијата ескалирала до таа мера што Трамп на крајот го исфрлил Зеленски од Белата куќа, сметајќи дека украинскиот лидер му покажува непочитување.
![]()

