Новата слика- портрет на Доналд Трамп, подарок од Русија, сè уште не е јавно прикажана. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја опиша како „личен подарок“, нагласувајќи дека само Путин може да открие повеќе детали.
Малку претходно, поранешниот американски претседател остро го критикуваше претходниот портрет изложен во зградата на Капитол во Колорадо, кој неодамна беше отстранет. Овој потег се случува во чувствителен дипломатски момент, додека САД и Русија повторно отвораат преговори во Саудиска Арабија, во рамките на напорите на Трамп за завршување на конфликтот во Украина.
Според изјавите на неговиот претставник, Стив Виткоф, новата слика-портрет на Трамп пристигнала од Москва, а тој имал задача да ја пренесе во Вашингтон. Виткоф ја опиша како „прекрасен портрет“, дело на „водечки руски уметник“, но не откри дополнителни детали.
According to Russia’s state media, Trump was told that Putin commissioned a portrait of Trump and prayed for him. https://t.co/tR1pVA0LnQ
— NATOSource (@NATOSource) March 21, 2025
Песков потврди дека портретот е подарок од рускиот претседател Владимир Путин. Интересно е што овој гест доаѓа токму во момент кога американски и руски преговарачи повторно седнуваат на заедничка маса во Саудиска Арабија.
Во разговор со медиумите, Виткоф спомена дека се сретнал со Путин пред десет дена и дека рускиот лидер бил љубезе“. Путин наводно му рекол дека се молел за Трамп по обидот за атентат врз него минатата година.
Токму тој напад, кој се случи за време на митинг во Пенсилванија, резултираше со можеби најпознатата фотографија на Трамп – моментот кога со раскрвавено уво ја крева својата стисната тупаница, охрабрувајќи ги своите поддржувачи со зборовите „Бори се, бори се, бори се!“. Оваа слика подоцна беше ставена и на насловната страница на неговата книга.
Иако Трамп сè уште не го коментирал својот нов портрет од Русија, жестоко реагираше на претходната слика изложена во Колорадо.
Портретот, насликан во 2019 година, Трамп го нарече „намерно изобличен до степен кој дури ни јас не сум го видел претходно“.
Trump portrait to be removed from Colorado Capitol after controversy | Click on the image to read the full story https://t.co/isfAh4m1Ie
— WLWT (@WLWT) March 24, 2025
Тој дури го спореди со официјалниот портрет на Барак Обама, истакнувајќи дека неговиот претходник изгледал „прекрасно“ на својата слика, насликана од Сара Бордман.
По бројни реакции, одборот на Капитол, составен од претставници на двете партии, нареди отстранување на портретот во понеделникот попладне. Сликата сега е складирана „на безбедно место до понатамошно известување“.
![]()

