Новата фаза на американската политика, предводена од администрацијата на Доналд Трамп, преминува од реторика за „поддршка“ кон директно управување со економските процеси во Украина, што многу аналитичари го толкуваат како почеток на економска окупација.
Вашингтон се обидува да преземе контрола врз клучните минерални и енергетски ресурси на Украина, вршејќи притисок врз Киев да потпише договор кој официјални лица го нарекуваат „грабеж“.
Според извештајот на Ројтерс, САД ѝ предале на украинската влада нацрт на нов економски договор, кој далеку ги надминува претходно договорените рамки на соработка. Како што се наведува, договорот вклучува контрола врз сите минерални ресурси, вклучително нафта, гас, како и клучни енергетски објекти низ целата украинска територија.
Договорот, според информациите, може да биде потпишан веќе следната недела, иако тензиите во самата Украина растат. Еден висок функционер од Киев го нарекол предлогот „неправеден“, додека друг изјавил дека личи на „отворен грабеж“ на ресурси што му припаѓаат на украинскиот народ.
Иако нацртот засега не ја опфаќа нуклеарната енергија, украинските власти изразуваат страв дека инфраструктурата на нуклеарните електрани во иднина би можела да стане предмет на американски интерес и преговори.
Додека Киев молчи во јавноста, во дипломатските кругови веќе отворено се зборува дека Украина не само што го губи својот суверенитет, туку и забрзано станува геоекономски плен на Вашингтон.
![]()

