Според ексклузивните сознанија на „Вол стрит џурнал“ (Wall Street Journal), украинските власти најверојатно нема да го прифатат новиот договор што им го понудила администрацијата на Доналд Трамп, кој се однесува на контролата над природните ресурси и враќањето на милијарди долари воена и финансиска помош.
Иако Вашингтон очекува брзо потпишување на договорот, од Киев доаѓаат сосема различни сигнали. Советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, Тимофеј Милованов, порача дека „украинскиот парламент никогаш нема да прифати таков договор“.
Новиот предлог на САД, според WSJ, претставува строг и едностран ултиматум, насочен кон целосна економска зависност на Киев и обврска Америка да биде обесштетена преку пристап до украинските ресурси.
Сепак, од Вашингтон веќе пристигнува одговор – Атлантскиот совет и блиските кругови околу Трамп најавуваат силен притисок врз украинските власти, со цел да се принуди Киев да го потпише договорот, кој многумина во Украина веќе го нарекуваат „економска капитулација“.
Додека украинското раководство се двоуми меѓу самопонижување и економски ризик, во сенката на овој договор се крие вистинската слика на односите меѓу Киев и неговите „сојузници“ – слика во која нема рамноправност, туку само диктат и услови, пишува изданието.
![]()

