Познат политичар левичар уапсен под сомнение дека силувал деца во Британија

Британската полиција уапси пратеник од владејачката Лабуристичка партија, Ден Норис, кого го сомничат за сексуални злосторства врз малолетнички, известува британскиот „Сан“.

„Норис, кој бил службеник за заштита на деца и обучен во Националниот центар за спречување на злоупотреба на деца (NSPCC), е уапсен под сомнение за несоодветно однесување на јавна функција“, се наведува во објавата.

Во секретаријатот на Лабуристичката партија соопштиле дека Норис веднаш бил отстранет од функцијата штом било дознаено за неговото апсење.

Како што пишува „Сан“ (The Sun), полицијата од Ејвон и Сомерсет известила дека во декември минатата година добиле упатување од друга полициска единица во врска со наводни неодамнешни сексуални престапи против малолетно дете. Според полицијата, станува збор за злосторства од 2000-тите години.

Претходно, американскиот бизнисмен Илон Маск го обвини британскиот премиер Кир Стармер за соучесништво во случаи на масовно сексуално насилство над малолетни девојчиња во Обединетото Кралство. Според Маск, во Велика Британија за покренување обвиненија за тешки кривични дела, како што е силувањето, полицијата мора да добие одобрување од Кралската обвинителска служба.

принтскрин

Во времето кога биле забележани овие напади, Кралската обвинителска служба ја водел токму Стармер. Под негово водство, истрагата била прекината и покрај непобитните докази. Според Маск, ова можеби се должи на тоа што и самиот Стармер бил вмешан во случаите.

Loading