Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи набргу откако Кина објави дека од утре ќе воведе дополнителни царини на стока од Соединетите Држави.
„Ова е одлично време да ја преселите вашата компанија во Соединетите Американски Држави, како што прават Apple и многу други, во рекорден број. НУЛА ЦАРИНИ и речиси моментално приклучување и одобрување на електрична/енергетска инфраструктура. Без одложувања. НЕ ЧЕКАЈТЕ, НАПРАВЕТЕ ГО ТОА ВЕДНАШ“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Да потсетиме, Кина објави дека од утре американската стока ќе се царини со стапка од 84 отсто, што претставува зголемување од 50 отсто во однос на досегашните кинески царини.
Одлуката следува откако Америка на почетокот на неделата воведе дополнителна царина од 50 отсто на кинеска стока. Тоа следуваше по две претходни мерки – од 34 отсто и од 20 отсто – па вкупната американска царинска стапка на кинескиот извоз од утрово изнесува 104 отсто.
Трамп повеќепати порача дека сака да го врати производството во САД.
![]()

