Кремљ: Путин нема да го продолжи велигденското примирје

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин не планира да го продолжи 30-часовното велигденско примирје во Украина, кое еднострано го прогласи вчера во 18 часот по московско време.

„Путин не издал никаква наредба за продолжување на велигденското примирје. Примирјето завршува вечерва, на полноќ од недела кон понеделник по московско време“, изјави Песков пред новинарите во Москва.

Путин во саботата прогласи 30-часовно еднострано примирје во тековната војна во Украина, тврдејќи дека успехот или неуспехот на прекинот ќе ја покаже подготвеноста и способноста на Киев да бара мирно решение на конфликтот.

Како одговор, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев предлага продолжување на прекинот на огнот за 30 дена по Велигден, доколку вистински се воспостави целосен прекин на огнот.

Loading