Неколку дена пред смртта, папата Франциск од својата лична сметка издвоил 200 000 евра.
Имено, папата го посетил затворот Реџина Чели и ги донираше своите последни приходи – 200.000 евра од неговата лична сметка.
Папата Франциск донираше повеќе од 200.000 евра за затворениците. Донацијата е наменета за фабриката за тестенини во затворот за малолетници Касал дел Мармо.
Ова е последниот гест на папата, кој го откри монсињорот Бенони Амбарус, попознат како дон Бен, помошен епископ задолжен за затворите и каритативните дејности.
„Неколку дена пред смртта, папата отиде во затвор за уште еднаш силно да апелира до светот – дека оние кои живеат зад решетки заслужуваат внимание. Им ги даде своите последни приходи во износ од 200.000 евра од својата лична сметка,“ изјави Амбарус.
Средствата се насочени кон затворот за малолетници поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа фабриката за тестенини.
„Му реков дека имаме голем хипотекарен долг за таа фабрика за тестенини и дека, ако успееме да го отплатиме, ќе можеме да ја намалиме цената на производите, да ја зголемиме продажбата и да вработиме повеќе момчиња,“ додал Амбарус.
Затворениците во дејствијата на папата Франциск виделе голема надеж. Според зборовите на Амбарус, папата им го дал на затворениците сето што му останало на сметката, пишува италијански „Ил Месаџеро“.
„Папата им ги миеше нозете на затворениците, им ги отвори светите порти и јавно апелираше за ублажување на нивните казни – макар симболично, макар за еден месец. Но, одговор не доби,“ раскажа монсињорот Бенони Амбарус.
![]()

