„Техеран ќе се тресе“: Израел најави жесток одговор на прекршувањето на примирјето

Израелски законодавци повикуваат на одмазда против Техеран, откако Иран наводно го прекршил новопрогласеното примирје со истрелување на балистичка ракета кон северниот дел на Израел.

„Техеран ќе се тресе“, објави на мрежата X ултрадесничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич, член на безбедносниот кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„На тишина ќе одговориме со тишина, на ракети ќе одговориме со…?“, напиша пратеникот Лимор Сон Хар-Мелех од партијата „Оцма Јехудит“.

„Три и пол часа по објавата на американскиот претседател за прекин на огнот, од Иран се отвора оган кон северен Израел. Тоа не смееме да го прифатиме, не смееме да го игнорираме – мора веднаш да одговориме“, изјави лидерот на опозициската партија „Јисраел Беитену“, Авигдор Либерман.

„Секое прекршување на иранската страна ќе биде пречекано со соодветен одговор“, рече пратеничката Тали Готлив, додека нејзиниот колега од Ликуд, Авихај Боарон, повика на удари „со целосна сила“ врз симболите на иранскиот режим.

Израелските медиуми јавуваат дека министерот за одбрана Израел Кац го коментирал нападот од Иран, велејќи:

„Имајќи го предвид целосното прекршување на примирјето прогласено од американскиот претседател, и лансирањето ракети кон Израел, согласно политиката на израелската влада која е решена да одговори силно на секое прекршување, наредив на Цахал (ИДФ), во координација со премиерот Нетанјаху, да продолжи со интензивни напади врз Техеран со цел да се неутрализираат стратешките цели и инфраструктурата на режимот, во продолжение на активностите што беа спроведени вчера.“

Loading